Почетоците наши се како семејна компанија со идеја за подобрување на комуналните услуги во Македонија.
Компанијата започна да работи со цел да обезбеди професионалност,ефикасност и заштита први вршење на комуналните услуги во државата.
Времеплов
1990-1998 - Почетоците на Еко Клуб се поврзани со продажбата на комунална опрема.
После 1998 година -
Компанијата инвестира во сопствена комунална опрема и инфрастуктура и започнува да нуди и:
-Собирање,депонирање и транспорт на отпад од приватни и државни компании и институции
-Чистење на диви депонии со сопствена механизација
-Одржување на јавно осветлување на локални самоуправи.
После 2005 година - дејностите на компанијата се дополнуваат со
-Чистење,пробивање,снимање и рехабилитација на канализациони цевки,цевоводи,септички јами и пречистителни станици
Во 2011 година -
компанијата започнува индустриско чистење со специјални возила и опрема
Во 2014 година - се започнува со нов сегмент во компанијата и компанијата станува пионер во собирање,транспорт и третман на медицински отпад каде што имаме соработка со преку 1000 приватни и 50 јавни здравствени установи
Во 2019 година -
заради потребите на пазарот и новитетите во светот компанијата почнува сегмент изнајмување на специјални комунални возила и опрема на јавните комунални претпријатиа и локални самоуправи.