Компанијата работи 34 години и е прва приватна комунална компанија во државата.
Компанијата е регистрирана на 26 септември 1990 година под името Еко клуб, кој подоцна е ребрендиран во Грин Тим.
Основните активности се различни еколошки и комунални услуги кои се вршат со сопствена механизација.
После 1998 година - Компанијата инвестира во сопствена комунална опрема и инфрастуктура и започнува да нуди и:
-Собирање,депонирање и транспорт на отпад од приватни и државни компании и институции -Чистење на диви депонии со сопствена механизација -Одржување на јавно осветлување на локални самоуправи.
Во 2011 година - компанијата започнува индустриско чистење со специјални возила и опрема
Во 2019 година - заради потребите на пазарот и новитетите во светот компанијата почнува сегмент изнајмување на специјални комунални возила и опрема на јавните комунални претпријатиа и локални самоуправи.